Kонцептот на автомобил „Волга-2020“ ги импресионира Американците

Американските медиуми посветени на автомобилизмот, особено CarCoops, со големо воодушевување пишуваат за новиот концепт-автомобил Волга-2020 осмислен од дизајнерот Александар Шторм.

Во САД автомобилите со ознаката Volga се сметаат за остаток на минатото, возила со големи димензии кои во минатото ги користеа високорангираните членови на КПСС. Во времето на нивната најголема популарност за обичниот народ тие беа прескапи... Со таквиот статус на обичен граѓанин во СССР не ни можеа да бидат набавени.

Концепт-автомобилот „Волга 2020“ е развиен од Александар Шторм кој беше задолжен да го оживее духот на старите автомобили Volga. На прв поглед автомобилот се одликува со „мускулести“ линии на каросеријата, како и нискиот покрив, светлечките диоди за дневно светло, хромираните додатоци и моќните диск сопирачки, пишуваат медиумите.

Од одредени агли, „Волга 2020“ потсетува на модерните првокласни модели на компаниите Genesis и Mercedes-Benz. Магазинот CarCoops е толку импресиониран од дизајнот на овој концепт на автомобил што на својот сајт организираше гласање во кое се бара читателите хипотетички да го споредат овој автомобил со луксузните германски, јапонски и јужнокорејски модели, пишува агенцијата „Дејли Мотор“. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња