ГАЗ 5000 GL
YouTube screenshot/Дмитрий ЗавьяловГорковскиот автомобилски завод (ГАЗ) подготвува нова верзија на „Волга“ „ГАЗ 5000 GL”.
Се очекува дека овој автомобил ќе го означи почетокот на новата ера во руската автомобилска индустрија.
Унапредената верзија на „Волга“ би требало на пазарот да го пополни испразнетиот простор и на патниците во подеднаква мера да им обезбеди сигурност, безбедност и комфор. Засега не се соопштува врз која платформа ќе се базира легендарната „Волга“.
Некои извори тврдат дека платформата ќе биде преземена од други производители.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче