Жител на Смоленск од стара „Волга” направи ретро-кабриолет

SmolDaily
Александар Попов, жител на градот Смоленск, за неколку години врз база на стара „Волга“ ГАЗ 21 го направи ексклузивниот ретро-кабриолет „Валерија” со врати какви што имаат спортските автомобили.

Автомобилот го доби името по постарата ќерка на сопственикот. Идејата се родила веднаш откако Попов во 2011 година го набавил ГАЗ-21, а проектот го завршил 2014 година.

„Се сеќавам кога првпат со неа отидов на работа, низ прозорците ѕиркаа луѓе да ја фотографираат”, изјави Попов.

Во „Валерија” е вложено многу време и сила, а многу нешта се направени рачно. Кабриолетот доби дури и ламбо-врати.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња