Весникот „Њујорк Тајмс“ пишува дека Русија многу напредувала во изработката на нова ракета со копнено базирање и среден радиус на дејство, што наводно го прекршува Договорот за ракети со среден и краток дострел (РСМД).
„Американската администрација смета дека Русија произведува сѐ повеќе ракети за да ја обезбеди програмата за тестирање на летачките карактеристики, што пак предизвикува загриженост дека Кремљ на крај ќе ги стави во својот арсенал“, ги цитира весникот зборовите на своите извори.
Во средата американски конгресмени испратија писмо до претседателот на САД во кое ја делат истата загриженост.
Тие повикуваат на воведување санкции против Москва и преземање воени мерки. Во своето обраќање конгресмените сметаат дека Русија го крши договорот за РСМД тестирајќи „крстосувачки ракети со копнено базирање со среден радиус на дејство“.
Договорот за РСМД беше потпишан од страна на САД и Советскиот Сојуз во 1987 година и стапи во сила во 1988 година. Страните се обврзаа да ги уништат своите ракети со среден (1000-5500 км) и мал (500 - 1000 км) дострел и помошните објекти, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче