Големиот десантен брод од овој проект се нарекува и „руски Мистрал“. За разлика од претходниот Проект 1171, овој брод е носач на хеликоптери – на палубата има хеликоптерска писта на која е базиран транспортно-борбениот хеликоптер Ка-29 (во случај на потреба тоа може да биде и хеликоптерот за спасување Ка-27).
По завршувањето на сите тестирања на големиот десантен брод ќе биде кренато Андреевското знаме и „Иван Грен“ ќе ѝ биде предаден на Северната флота, соопштува ТВ-каналот „Ѕвезда“.
Големите десантни бродови од Проектот 11711 се вооружени со универзалните артилериски орудија АК-176М или А190 «Универзал», како и со ротирачките топови АК-630М и АК-630М-2 «Дует» со калибар 30 мм. „Иван Грен” може да носи 13 тенкови, 36 борбени возила за пешадијата или оклопни транспортери, како и морнаричка пешадија.
А зошто руската Воена морнарица се обновува, прочитајте во нашата статија Руската морнарица се подготвува за долги операции ширум светот