За руската воена морнарица следната година ќе почнат да се градат бродови кои би можеле да ги заменат француските Мистрали, наменети за Русија, а продадени на Египет по уште една криза во односите помеѓу Русија и НАТО.
Во моментов постојат два потенцијални брода кои би можеле да бидат главни руски носачи на хеликоптери во следната деценија, а тоа се бродовите од класата „Прибој“ и „Лавина“.
Тие имаат свои силни и слаби страни. Кон крајот на 2017 година руското Министерство за одбрана треба конечно да им најде замена на „Мистралите“.
Лавина има депласман од околу 24.000 тони, може да носи 500 морнари и 50 воени возила.
„Руската морнарица ќе мора дa постави на палубата 16 транспортни хеликоптери Ка-29, офанзивни Ка-52К и противподморнички Ка-27“, вели за Russia Beyond Вадим Козјулин, професор на Академијата за воени науки.
„Прибој“, пак, е нешто помал, со депласман од околу 14.000 тони и може да носи само 4 до 6 хеликоптери. Но, и околу 60 воени возила и 500 морнари.
„Овој модел личи на данскиот 'Ротердам'“, вели експертот. Во секој случај, новиот брод ќе биде главен носач на најновиот офанзивен Ка-52К кој е дизајниран специјално за француските „Мистрали“.
Макета на десантниот брод „Прибој“.
Артјом ТкаченкоКа-52 е вооружен со брз авијатички топ 2А42-1 со калибар од 30 милиметри. Комплетот може да содржи и ракетен систем „Стрелец“, лансер за наведување ракети од типот „Атака“ и „Вихор-1“ и лансери за наведување ракети од типот С-8.
Специфичноста на суперсоничните противтенковски ракети „Вихор“ со ласерско наведување се состои во тоа пилотите да можат да гаѓаат цел, дури и кога таа не е во нивното видно поле зашто добиваат насоки од своите соборци на земјата.
Хеликоптерот Ка-52 се одликува со високи полетни карактеристики. Моќниот мотор ВК-2500 со гасна турбина овозможува да се лета на височина поголема од 5.000 метри. Статичкиот плафон на летот изнесува 4.000 метри, што значи дека хеликоптерот може да полета и да атерира во тропски и во планински предели. Максималната брзина изнесува 300 километри на час. „Катран“ има неколку особености: отпорна антикорозивна шасија, лопати и конзоли на крилјата што се собираат. Опремен се со неопходните системи за вооружување за водење борба на море.
Бродската модификација на хеликоптерот има проширен спектар како на наведувачки, така и на ненаведучаки видови вооружување, така што хеликоптерот ќе може да врши борбено дежурство во деноноќен режим и во сите временски услови.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче