Странските купувачи чекаат во редица за руските бродови

Ракетниот крстосувач „Москва“

Ракетниот крстосувач „Москва“

Министерство за одбрана на РФ
По сириската воена кампања странските купувачи „направија редици“ за испорака на руски бродови, изјави во интервјуто за руските медиуми претседателот на Обединетата корпорација за производство на бродови Алексеј Рахманов.

„Кога ја демонстриравме ефикасноста на нашето оружје сите сфатија дека нема шега. Првото прашање кое оттогаш ни го поставуваат военотехничките партнери гласи: Вашата војска, дали го купува тоа оружје? Дали вашата флота ги користи тие бродови? Кога ќе добијат потврдни одговори разговорот тече многу побрзо“, изјави претседателот на компанијата.

Тој не открива детали од преговорите, ниту со кои земји се водат, но нагласува дека на традиционалните партнери им се придружиле „оние кои претходно имаа одредена доза на сомничавост“. Како што нагласува тој, во моментов од генерални разгледувања се преминало на разговори за договорите. Во наредните 15 години вкупното портфолио на порачки изнесува 1 трилион рубли, а во овој момент од 12 до 15 отсто од вкупниот обем оди на производи за цивилна намена.  

Учеството на Воената морнарица на Русија во сириската воена кампања беше, инаку, мошне големо и разновидно. На пример, во Средоземното море е присутна постојана оперативна групација од 10 до 15 бродови на чие чело првин беше ракетниот крстосувач „Москва“. Во состав на формацијата исто така се наоѓаа патролните  бродови „Ладни“, „Питливи“ и „Сметливи“, како и големиот десантен брод „Саратов“. На пловидба кон бреговите на Сирија беше праќан и нуклеарниот ракетен крстосувач „Петар Велики“.

Вистинска сензација во сириската кампања беше учеството на бродовите на Касписката флотила кои ги гаѓаа објектите на терористите со ракети „Калибар“. Покрај тоа, ракетни напади врз припадниците на ИД беа изведувани и од неколку подморници кои во тој момент се наоѓаа во Средоземното море.

Погледнете  Топ 5 видео-снимки за руските воени бродови

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња