Првите „Тајфуни“ пристигнаа во руската армија

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Фабриката „Ремдизел“ му ја испорача на Министерството за одбрана на Русија првата партија оклопни автомобили „Тајфун-К“.

Возилото под шифра К-53949 ќе ја обезбедува пешадијата и единиците за специјална намена во воените и мировните мисии и во различни услови. „Тајфун“ може да превезува жива сила и опрема.  

Десет оклопни „Тајфун-К“ се првите возила од овој вид кои војската веќе може да ги користи по фабричките тестирања.  

Автомобилот е лесен за управување и за него речиси не постои тежок терен. Борбените карактеристики се исто така усовршени. Возилото е заштитено од стрелечко оружје и експлозив.

Прочитајте повеќе за  „Тајфун“.