Единиците за атомско-биолошко-хемиска одбрана ќе добијат 20 тешки ракетни фрлачи ТОС-А1 „Сонцепјок“. Во текот на модернизацијата на ТОС-1А е монтиран современ мотор и динамичка заштита. Тешкиот ракетен фрлач доби нов лансер, а помошното возило за полнење на овој систем е опремено со современи механизми, соопшти ЗВО.
Ракетно-артилериските единици ќе добијат дваесетина модернизирани системи за плотунска стрелба „Торнадо-Г“ и „Ураган“, самоодни хаубици „Гвоздика“ и нови МСТА-СМ.
Руската војска на западната граница добива 115 повеќенаменски возила. Покрај познатите воени камиони ГАЗ, КамАЗ и „Урал“, ќе има и нови пикап возила УАЗ-3163 „Патриот“.
Оваа година Западниот воен округ доби преку 2000 единици ново модернизирано оружје и воена техника.
Погледнете како дејствува „Сонцепјок“.