Експертот на магазинот „Национален Интерес“, воениот историчар Себастјен Тоблен раскажа за предноста на рускиот тежок ракетен систем (ТОС-1) „Буратино“ во однос на западните пандани.
Според историчарот, „Буратино“ нема конкуренција меѓу вооружувањето на западните армии. Иако постојат повеќе западни ракетни системи, сепак тие се со лесен оклоп и наменети за стрелба од скриени огнени позиции.
ТОС-1, напротив, гаѓа со директно наведување – затоа има цел систем за управување со стрелбата, вклучувајќи и ласерски мерач на далечина и балистички сметач. Покрај тоа, возилото има тежок оклоп врз корпус на тенкот Т-72 на чија основа се наоѓа шасијата на системот. Масата на ТОС-1 достигнува 46 тони.
„За тоа постои јасна причина: дострелот на основниот модел на ТОС-1 беше само три километри, поради што возилото можеше да биде предмет на непријателски оган од сите можни орудија“, забележува Роблен.
Модификацијата на „Буратино“ – дел од вооружувањето на руската армија од 2001 година - ТОС-1А „Сонцепјок“ – има поголем дострел, до шест километри.
„Тоа е доволно големо растојание возилото да продолжи да стрела при возвратен оган од повеќето противтенковски орудија“, додава аналитичарот на магазинот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.