Јужните Курили добиваат воена инфраструктура

Јапонија има територијални претензии на јужниот дел (Итуруп, Кунашир, Шикотан и на низа помали острови, кои Јапонците ги нарекуваат Хабомаи). Фотографија: Андреј Шапран.

Јапонија има територијални претензии на јужниот дел (Итуруп, Кунашир, Шикотан и на низа помали острови, кои Јапонците ги нарекуваат Хабомаи). Фотографија: Андреј Шапран.

Министерството за одбрана до 2106 година ќе изгради автономни воени населби на Итуруп и на Кунашир, острови на Курилскиот архипелаг. Овие острови од Втората светска војна е под суверенитет на СССР, а денес ѝ припаѓаат на Руската Федерација. Сепак, Јапонија и понатаму ги смета за свои.

До 2016 година на островите Итуруп и на Кунашир ќе бидат изградени автономни населби со развиена социјална инфраструктура. 

Ова го изјави командантот на Источниот воен округ, генерал-полковникот Сергеј Суровикин. 

„Во периодот до 2016 година ќе бидат изградени сите главни објекти, а ги има над 150, на островите Итуруп и на Кунашир. Ова се современи и целосно автономни воени населби со развиена социјална инфраструктура“, соопшти тој на воениот совет на Источниот воен округ.  

Сегашниот статус на Јужните Курили е определен со Кримската спогодба за Далечниот Исток која на 11 февруари 1945 година ја потпишале три воени сили, со Постдамската декларација од 26 јули 1945, со Мировната спогодба од Сан Франциско од 8 септември 1951 и со членот 107 од Повелбата на ОН.

Според зборовите на Суровикин, „покрај воените објекти, проектот предвидува и изградба на станбени згради, како и општествени, културни и спортски установи“. 

Генералот исто така истакна дека по истиот принцип до 2020 година треба да се модернизираат и постоечките и да се изградат нови воени населби на островот Сахалин. 

Планот за развој на воената инфраструктура во регионот не подразбира само развој на локацијата на која се стационирани воените единици, туку и развој на оперативно-транспортната мрежа, како и модернизација на три полигона и опремување на центар за обука со современи тренажери. 

Ова ќе овозможи да се подобри квалитетот на воената обука и значително да се прошират можностите за изведување вежби на ниво на големи воени формации. 

Претензиите на Јапонија 

Јапонија има територијални претензии на јужниот дел (Итуруп, Кунашир, Шикотан и на низа помали острови, кои Јапонците ги нарекуваат Хабомаи). Овие острови од Втората светска војна е под суверенитет на СССР, а денес ѝ припаѓаат на Руската Федерација. 

Курилските острови, во кои влегуваат и Јужни Курили, до 1945 година биле под власт на Јапонија и имале 16.5 илјади жители, по националности Јапонци и од народот Аину, автохтони жители на Курилските острови. Сегашниот статус на Јужните Курили е определен со Кримската спогодба за Далечниот Исток која на 11 февруари 1945 година ја потпишале три воени сили, со Постдамската декларација од 26 јули 1945, со Мировната спогодба од Сан Франциско од 8 септември 1951 и со членот 107 од Повелбата на ОН. 

СССР и Јапонија на 19 октомври 1956 година во Москва потпишаа заедничка декларација за прекин на воената состојба помеѓу двете држави и за воспоставување на дипломатски односи. Во членот 9 од овој документ советските власти се согласија да ѝ ги предадат на Јапонија островите Хобомаи и Шикотан по склопувањето на мировната спогодба помеѓу двете земји. Парламентите на двете земји ги ратификуваа овие декларации, а СССР во 1960 година ги анулираше обврските поврзани со предавање на овие острови, иако руската страна денес изјавува дека го признава овој документ.

Властите на Јапонија им забрануваат на своите граѓани да ги посетуваат Јужни Курили со руска виза, со цел со тоа да не потврдат дека Русија има право на овие острови.

Рускиот текст на сајтот на ИТАР-ТАСС.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња