Како ќе изгледа новата руска база на Курилските острови?

Александар Лискин/RIA Novosti
Работите на изградбата на големата воено-поморска база на руската Воена морнарица на Курилските острови ќе почнат во најскоро време, изјави сенаторот Франц Клинцевич. Тој додаде дека сѐ се одвива строго според планот и дека на Курилите ќе биде обновена мрежата аеродроми, а работите ќе се изведуваат паралелно со изградбата на воената база.

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу во февруари уште изјави и дека до крајот на оваа година на Курилските острови ќе биде распоредена една дивизија. Министерот укажа дека воениот контингент „не се распоредува против било кого, туку исклучително со цел заштита на територијата на Руската Федерација“.

Раководството на Министерството за одбрана на РФ претходно соопшти дека планира на Курилите да направи база за подморници и да распореди крајбрежни ракетни системи „Бастион“ и „Бал“.

Инаку, изминативе две години се направени две воени бази, а на островите се распоредени еден баталјон тенкови Т-80, системи за ПВО „Бук“ и современи системи за врска и радиоелектронска борба. На Курилите според информациите од Источниот воен округ ќе биде распоредено ново високотехнолошко оружје, како што се, на пример, беспилотни летала со разни модификации. Во вооружувањето на воената формација на островите веќе се наоѓаат повеќецевни ракетни фрлачи БМ-21 „Град", топови 2С5 „Гиацинт-Б“ калибар 152 мм, противавионски системи „Стрела-10“, противавионски самоодни системи „Шилка“, хаубици Д-30 калибар 122 мм, полски топови БС-3 калибар 100мм, минофрлачи „Поднос" калибар 82 мм.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња