Економската криза остави своја трага врз програмата за вооружување на војската. Државата во тие цели наредниве 10 години ќе потроши само 320 милијарди долари место претходно планираните 830.
Затоа многу перспективни проекти ќе бидат избришани од списокот, а еден од нив е ракетниот систем на железничка пруга наречен „Баргузин“.
Како што изјави извор во воено-индустрискиот комплекс за Russia Beyond-Македонија, тоа сепак ќе биде привремена мерка. И кога Русија конечно ќе ја заврши работата над ракетите како што се „Сармат“, „Војвода“ и „Јарс“, владата повторно ќе се наврати на прашањето за развој на возови-носачи на ракети.
Што е „Баргузин“?
Развојот на нуклеарниот систем на шини „Баргузин“ почна во 2013 година со указ на претседателот на РФ Владимир Путин. Беше планирано секој комплекс да содржи седум наведувани ракети „Јарс“. „Јарс“ е тешка 50 тони, долга е 22,5 метри и може лесно да се смести во вагон долг 24 метри кој е во состојба да понесе 60 тони.
Секој воз би претставувал еден полк. Вкупно руските власти планираа пет воза кои би сочинувале една ракетна дивизија.
Возовите непрестајно би крстосувале по железницата на Русија маскирани како возови за цивилна намена и невидливи за радарите на другите држави.
Од 1984 до 2007 година на борбено дежурство имаше сличен систем. Три дивизии (во секој по четири полк, во секој полк по 12 возови вооружени со стратешките ракети „Молодец“). Но, без оглед на целата мобилност, овој систем имаше свои слаби страни.
Таткото на „Баргузин“
Стариот воз, на пример, носеше претешко за себе оружје, ракети од околу 110 тони. Возот го влечеа три локомотиви. И кога тој ќе поминеше неколку илјади километри, Министерството за транспорт на РФ мораше да издвојува пари за поправка на шините по кои тој поминал.
Освен тоа, покрај фактот дека ниедни копнени сили на странските држави не би можеле на прв поглед да кажат дека не се работи за обичен цивилен воз, туку кон крајот на 90-те тоа можеше лесно да се забележи на сателитските снимки.
Беа потребни години за да се направат полесни верзии на интерконтиненталните балистички ракети кои би одговарале на потребите на „нуклеарниот воз“, па и нови материјали од кои би бил направен тој непровиден воз.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче