Русија создава борбен железнички ракетен комплекс „Баргузин“

Во Русија ќе биде создаден нов борбен железнички ракетен комплекс.

Во Русија ќе биде создаден нов борбен железнички ракетен комплекс кој ќе го носи името „Баргузин“, соопшти во вторникот пред новинарите генерал-полковник Сергеј Каракаев, командант на Ракетните сили за стратешка намена (РВСН), а пренесува „Интерфакс“.

„Создавањето на најмодерниот железнички ракетен комплекс ќе се одвива по налог на претседателот на Руската Федерација. Во конструирањето на овој комплекс ќе учествуваат исклучително претпријатија од домашната воена индустрија, кои притоа користат најнапредни достигнувања од руската индустрија за борбени ракети“, истакна командантот на РВСН. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња