Русија почна да прави елементи за „ракетен воз“

Во Русија почна изградбата на одделни елементи на борбениот железнички ракетен систем „Баргузин“, соопшти извор во рускиот одбранбено-индустриски комплекс.

„Конструкторската документација е изработена, се прават одделни елементи на системот, но прецизни рокови за неговата изградба и прием во вооружувањето нема“, изјави изворот за ТАСС.

Според неговите зборови, појасно за роковите ќе се дознае во 2018 година.

Во 2014 година командантот на Ракетните сили за посебна намена Сергеј Каракаев соопшти дека во Русија по одлука на претседателот ќе се обнови борбениот железнички ракетен систем „Баргузин“ чие првично проектирање е веќе завршено. Претходниците на „Баргузин“ – советските железнички ракетни системи – беа исфрлени од вооружувањето во 2005 година. Договорот СНВ-3 не забранува создавање такво вооружување.

Се дозна дека една композиција „Баргузин“ ќе може да носи шест интерконтинентални балистички ракети разработени врз база на „Јарс“ и ќе биде еднаква на полк. Во дивизискиот систем на „Баргузин“, според информациите на изворот, треба да влезат пет полкови. Планирано е системот да биде пуштен во работа во 2019-2020 година.

Во декември 2015 година извор во рускиот ОПК соопшти дека поради сложената финансиска ситуација, роковите за производство на „Баргузин“ се одложени за повеќе од една година и ќе завршат не порано од 2020 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња