Три најпознати руски воза за посебна намена

Георги Шуклин
Железничката борбена техника, која се појавува во Русија уште пред Првата светска војна, успешно ја брани државата во текот на дваесеттиот век. Оклопните возови, артилериските лансери од голем калибар, мобилните ракетни железнички комплекси продолжуваат да ѝ служат на Русија и во XXI век. Russia Beyond избра три невообичаени воени воза со посебна намена.
  1. Воз за материјално-техничко обезбедување (МТО) 

Во септември 2015 година во Руската Федерација беа спроведени големи воени вежби - Стратегиските командо-штапски вежби „Центар-2015“. За извршување на поставените задачи командата го активираше на вежбите и единствениот во Русија специјален воз за материјално-техничко обезбедување. Поради тоа што не е оклопен, возот дејствува во оперативниот тил и не е наменет за водење борбени дејства. 

Можностите на железничкиот комплекс овозможуваат во теренски услови да се задоволат санитарно-битовите потреби на војниците: од перењето на униформата до дезинфекција на војниците. Специјалниот воз за МТО може да врши и штапски функции. За таа цел, тој е опремен со сите модерни видови комуникации: радио, телефонска, телеграфска, сателитски и видеоконференциска врска. А, електричните единици со моќност 2 МВт (колку што е моќноста на еден мал погон) го прават железничкиот комплекс енергонезависен.

  1. Борбен железнички ракетен комплекс 

Борбените железнички ракетни комплекси се вистински возови на „Страшниот суд“, кои гарантираат нанесување на одмазднички нуклеарен удар во случај на напад. Русија е „железничка“ земја и нејзината мрежа од железнички пруги не дозволува да се следат сите транспортни железнички композиции кои се движат по територијата на државата. Во СССР на вооружување имаше дванаесет специјални возови со распоредени на нив ракетни комплекси 15П961 „Молодец“. Секој воз носеше по три стратешки ракети со 10 нуклеарни боеви глави, кои на Запад беа наречени „Скалпел“. 

Борбените железнички ракетни комплекси беа на борбено дежурства од 1987 до 1994 година, по што, во согласност со договорот СТАРТ 2 Русија презеде обврската да ги уништи до 2003 година сите проектили РТ-23 УТТХ „Молодец“. 

Во 2013 година раководството на Русија одлучи да ги обнови воените железнички ракетни комплекси. Новиот комплекс, кој е маскиран како ладилни вагони, ќе биде опремен со најновите руски интерконтинентални ракети „Јарс“ со разединувачки боеви глави.

  1. Оклопен воз

За време на антитерористичката операција на Северен Кавказ од 2002 до 2009 година војската создаде цела група оклопни возови, кои беа во составот на Железничките единици. Поранешниот министер за одбрана Сердјуков одлучи да ги заштити специјалните возови, но денешното раководство на Министерството за одбрана нареди тие да бидат вратени повторно на служба. 

Современите специјални оклопни возови имаат за задача главно да ги обезбедуваат железничките композиции со товари за цивилна или за воена намена, како и при транспорт на војници, за да не се дозволат терористички акти и уривање на железничките линии при движењето на композициите. Покрај тоа, за време на антитерористичките операции на територијата на Чеченската Република оклопните возови успешно извршуваа задачи за заштита на инженерските единици за деминирање кои отстрануваа експлозивни направи на железничките линии. 

Во моментов Русија има четири оклопни воза: „Бајкал“, „Терек“, „Амур“ и „Дон“, кои на крајот на осумдесеттите години беа распоредени на советско-кинеската граница.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња