Руската апликација за обработка на фотографии Prisma стана хит на Интернет за само неколку дена откако на 11 јуни ѝ беше претставена на јавноста. Само на Инстаграм веќе се објавени над 200 илјади фотографии со хаштаг #prisma.
Prisma не користи филтри за разлика од типичните апликации за обработка на фотографии, ами ја „црта“ фотографијата од почеток во различни стилови со помош на невронски мрежи.
На пример, апликацијата овозможува едно најобично селфи да се претвори во платно на Василиј Кандински, на Марк Шагал или во портрет на суперјунак во стилот карактеристичен за стриповите Marvel. За да се пристапи кон оваа апликација потребна е Интернет-конекција, зашто фотографиите се обработуваат не серверите на Prisma. За разлика од многу слични апликации, сè е бесплатно и практично без чекање. Засега Prisma е достапна само за оперативниот систем iOS.
Генералниот директор на компанијата Prisma Labs Алексеј Моисеенков во интервју за порталот Газета.Ru изјави дека неговиот тим е составен од четири луѓе и дека тие на овој проект работат од почетокот на пролетта 2016 година.
Моментално Prisma е бесплатна, па дури не прикажува ни реклами. Можно е авторите на проектот да посакаат да го повторат успехот на белорускиот MSQRD (апликација за Инстаграм која ги трансформираше лицата на корисниците со помош на маски од чудовишта, животни и познати личности) што во март 2016 година беше откупена од страна на Фејсбук. Вредноста на договорот не се соопштува јавно, но аналитичарите проценуваат дека апликацијата би чинела неколку милиони, па дури и десетина милиони американски долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче