Останете во блажена состојба со помош на новата руска апликација!

Креаторите на познатата апликација Prisma смислија нова услуга која може да им помогне на жените да забременат

Креаторите на познатата апликација Prisma смислија нова услуга која може да им помогне на жените да забременат

Pixabay
Flo е новата апликација која им помага на жените да забременат. Создадена е од креаторите на популарната апликација за мобилни телефони „Prisma art“. Со поддршка на познатата руска манекенка Наталија Водјанова оваа иновативна апликација ги освои срцата на корисниците ширум светот, а се наѕира и експанзија во САД.

„Кој е датумот на твојот последен менструален циклус?“ – ова прашање е непријатно за повеќето жени. Според податоците од неодамнешната анкета, половина од сите жени не го запаметува почетокот на својот менструален циклус. Ако сте една од нив немојте да паѓате во депресија. Во современиот свет дамите мораат да мислат на многу нешта – на работата, политиката, доцните ноќни забави, новите технологии и други појави кои можат да бидат поважни од нивната следна овулација... Освен ако сакаат да забременат.

Flo е новата апликација која го следи здравјето на жената од менструацијата до бременоста. Овој проект неодамна собра 5 милиони долари со помош на инвестицискиот фонд Flint Capital, познатата руска манекенка Наталија Водјанова и други инвеститори на старт-ап проекти.

Постојат повеќе од 50 критериуми за следење на состојбата на жената, вели креаторот на апликацијата Јуриј Гурски, благодарение на кого настана апликацијата Prisma. Гурски е упатен во медицинските технологии откако почнал да работи на проектот Sport.com, каде сфатил колку се неискористени потребите а пазарот поврзани со женското здравје. Сите соосновачи - Јуриј Гурски, Дмитриј Гурски, Макс Скробов и Андреј Ковзељ – имаат семејства и нивните сопруги секојдневно ги инспирираат и им даваат огромна поддршка.

Прескокни го прашањето

„Кога ти почна менструалниот циклус?“ – тоа е првото прашање кое корисничката ќе го здогледа кога ќе влезе во апликацијата, но Flo ѝ овозможува да го прескокне тоа прашање и да му се врати подоцна. Апликацијата има модул за машинско учење со помош на кој може да прогнозира менструални циклуси. Според зборовите на Гурски, прецизноста на прогнозата е поголема од 50%. На жените тоа многу им се допаѓа.

„Можете да ја прилагодите просечната должина на циклусот и периодот меѓу два циклуса, но колку подолго ја користите апликацијата, Flo ќе има повеќе ваши податоци и прогнозите ќе бидат поточни“, пишува во својот опис на апликацијата корисничката Cracie. „Flo има потсетници за пилули и потсетници за почетокот на вашиот менструален циклус. Тоа навистина може да им го промени животот на жените“.

„Единствено што ме фрустрира се прилагодувањата“, пишува друга корисничка. „Понекогаш имам многу повеќе предменструални синдроми отколку што е понудено во апликацијата и тоа не може да се опише со неколку зборови, на пример „тажна”, „лута” и слично. Можеби апликацијата би била позабава и полесна за користење доколку во неа би биле наведени повеќе емоции“.

Повеќе од 10 милиони кориснички

Flo во моментов има околу 10 милиони активни кориснички, а секој месеца околу 100000 остануваат во блажена состојба.

Познатата руска манекенка и мајка на пет деца Наталија Водјанова на почетокот ја презеде оваа апликација затоа што бараше нешто што ќе ѝ помогне да го следи својот менструален циклус, а некој ѝ ја препорача Flo.

„Се вљубив во оваа апликација“, изјави таа во интервјуто. „Бидејќи момчињата кои ја направија се Руси како и јас, стапив во контакт со нив и само им кажав: „Со вашиот производ може да се постигне многу повеќе“. Така се вклучив. Следењето на периодот е само еден дел од она што Flo може да го прави. Веќе го користат повеќе од 10 милиони жени, кои можат да бидат потполно анонимни и затоа се поотворени во разговорите за својот менструален циклус“.

Овој септември Flo почнува општествена кампања за укинување на социјалното табу поврзано со темата менструација и женското здравје во целина, изјави за порталот Russia Beyond претставникот на компанијата. Апликацијата ќе биде збогатена со режимот „Мајка и дете“, кој ќе го покрива развојот на детето во првата година од животот, а исто така ќе има и прилагодени режими за тинејџерки и жени кои влегуваат во менопауза, како и за припадничките на други кориснички сегменти.

Руската Prisma од селфи прави „масло на платно“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња