Американски експерт ја открива главната предност на АК-47 над М16

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Американските медиуми направија компаративна анализа на руската автоматска пушка АК-47 и американската јуришна пушка М16 и притоа ја истакнаа главната предност на „Калашников“.

„Национален Интерес“ пишува дека популарноста и широкото присуство на АК-47 може да се објасни со нејзината сигурност. Автоматската пушка нема да изневери дури ни во најтешки услови ниту при голема нечистотија. Оваа предност ја истакнаа Американци кои војувале во Виетнам.

АК-47 поради својата сигурност беше страшен противник и скапоцена предност за американските војници во Виетнам кога М16 им се расипувала од пукањето во локални услови, пишува весникот.

Како што се наведува, конструкцијата на АК-47 подобро штити од валкање кое може да го осуети пукањето. Тоа е поврзано со значајните разлики меѓу АК-47 и М16 во принципот на работата на автоматиката и системот за исфрлање на гасот.