„Програмата за користење на авионот МиГ-29СМТ ќе продолжи. Меѓу другото, авионот ќе биде користен за проверка на ефикасноста на новите и перспективните системи за вооружување. При експлоатацијата на авионот ќе биде користено искуството што го стекнавме во Сирија, а исто така и во процесот на проектирање на нови авиони како што е МиГ-35”, изјави Коротков во авиобазата Хмејмим, каде делегација на ОАК ја анализира ефикасноста од примената на руската воена авијација во Сирија.
Партија лесни ловци МиГ-29СМТ беше префрлена во авиобазата Хмејмим во септември. Авионите реализираа повеќе од 140 борбени летови како самостојно, така и заедно со бомбардери Су-34 и тешки ловци Су-35. „МиГ“-овите исто така реализираа задачи за придружба на стратешките бомбардери Ту-22М3.
„Активноста во Сирија ја потврди ефикасноста на режимот на примена на наведувани и обични авиобомби, како и на наведувани ракети од класата „воздух-земја“, со прецизност која ги постигнува и надминува техничките карактеристики”, истакна Коротков.
МиГ-29СМТ е современа модификација на ловецот од четврта генерација на Военото воздухопловство на Русија. Авионот има дополнителен резервоар за гориво и систем за дополнување на резервоарите во воздух, што значително го зголеми неговиот борбен домет. Во кабината на пилотот се појавија повеќефункционални монитори и ловецот доби можност за примен на високопрецизно оружје.