Уран-9
YouTube„Употребата на огненото оружје што се наоѓа во склоп на роботизираните платформи и понатаму е под исклучителна контрола на човек-оператор, а не на машината. Мислам дека така ќе остане уште долго. Не мислам притоа дека пренесувањето на наведената функција врз роботската техника е исто што и отворање на Пандорината кутија“, изјави Остапчук.
Како што нагласи тој, инциденти поради нерегуларна работа на борбените роботи во странство има доволно и се поврзани главно со грешки во програмирањето.
„Кај конкуренцијата постои могу голем број на „бунтови“. Грешките во програмирањето можат да доведат до тоа роботот да претставува опасност за човекот. Не дај боже да почне да пука во погрешен правец или да тргне на кого не треба. Кај роботите од семејството „Уран“ постојат осигурувачи за такви случаи, а ги има многу, затоа што ние разбираме дека таквите ситуации се многу опасни“, нагласи Остапчук.
Во семејството борбени роботи „Уран“ спаѓаат машината за деминирање на далечинско управување „Уран 6“, која е успешно испробана во Чеченија и Ингушетија, а сега работи во Сирија, како и роботот „Уран 14“ за гасење пожари. Тука е и борбената машина „Уран 9“, на која во зависност од задачата можат да се постават противтенковски наведувани ракети, топ калибар 30 мм, митралез и реактивен пламенофрлач. Сите „Урани“ се контролираат далечински, со затворени канали за врска со радиус на дејство до четири километри. Пресретнувањето на управувањето е исклучено.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче