Инженерите на АвтоВАЗ осмислуваат спортска модификација на Lada Vesta

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Kомпанијата AТС, која се занимава со производство на седанот Vesta на метан, работи на автомобил за нов вид спортски трки – купот на моторни возила на гас.

Во овој момент компанијата веќе има искуство од учеството на своите теренци на бензин и гас Lada 4x4 CNG на релито. Сепак, засега е прерано да се зборува за роковите за реализација на проектот.

Дизајнерите на компанијата го осмислија изгледот на идниот спортски автомобил кој ќе учествува во трки на возила со мотори на бензин и гас. Автомобилот ќе добие голем спојлер и нова аеродинамичка суспензија. Засега не е познато дали ќе биде преработен агрегатот кој се користи во сериското производство на Lada Vesta CNG.