Хаубиците „Мста-С“ сега гаѓаат побрзо и попрецизно

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Самоодните хаубици „Мста-С“ по модернизацијата имаат побрзо гаѓање за 25%, т.е. сега истрелуваат 10 проектили во минута (во однос на претходните 8). Ова го соопшти информативната служба на Министерството за одбрана на Русија.

Покрај тоа, наведувањето на проектилите на целта кај овие хаубици сега е попрецизно.

„Орудието сега може истовремено да погодува цели со неколку проектили, истрелани со различни траектории и различни боеви глави. Благодарение на тоа се намалува времето кое хаубицата го поминува на огнената позиција“, се вели во соопштението на министерството.

Во процесот на модернизација се сменети и карактеристиките на самоодната хаубица 2С19М2 „Мста-С“. Војникот кој управува со хаубицата сега има компјутер кој му овозможува брзо да ги добие податоците за состојбата на моторот. Покрај тоа, хаубицата сега има и нови дигитални средства за врска.

Оклопното самоодно артилериско орудие „Мста-С“ (според класификацијата на НАТО „Farm“) е воведено во експлоатација 1989 година, има 5 членови на екипажот, тежи 42 тона, развива брзина од 60 км/час, има топ калибар 152 мм и може да користи фугасно-распрскувачки проектили, како и реактивни проектили кои создаваат електронски пречки и високопрецизни наведувани проектили „Краснопол“. Максималниот дострел на хаубицата е 29 километри.

Од непријателско високопрецизно оружје е заштитена со системот  „Накидка“. Тоа е синтетички термоизолациски материјал кој ги апсорбира радио-сигналите.