„Нашите претходници го сфаќаа значењето на мостот кој би ги поврзал Крим и Кавказот и одамна планираа да го реализираат овој проект. Се надеваме дека ќе ја исполниме оваа историска мисија“, ги цитира ТАСС зборовите на Путин.
Претседателот на советувањето посветено на социјално-економскиот развој на Крим и Севастопол потсети дека уште во текот на владеењето на царот Николај II во 1910 година првпат се планирала изградба на мост кој би ги поврзал Таманскиот и Кримскиот полуостров, но Првата светска војна не го дозволила тоа.
Во 1930 година советските инженери ја проектираа железничката линија меѓу Херсон и Потиј, но изградбата ја спречи почетокот на Втората светска војна. „Потоа окупаторите градеа мост, сакајќи не привремен, туку постојан објект, а руската команда реши да не го бомбардира, за да се зачува она што е веќе изградено“, рече Путин.
Мостот од 19 километри што ќе ги поврзува Таман и Керч ќе биде најдолгиот мост во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче