Проектот „Кортеж” ќе добие и свечен кабриолет

Наука и технологија
ИВАН МОРОЗОВ
Во рамките на државниот проект „Кортеж”, покрај теренски возила, седани и лимузини, ќе биде изработен и кабриолет, на чиј изглед во моментов работат дизајнери.

Според достапните информации, врз основа на Единствената модуларна платформа ќе биде направен возен парк за високите државни функционери, составен од лимузини, теренски возила, седани, мини-комбиња, како и кабриолети со подвижен покрив.

Новиот автомобил ќе биде наменет за воени паради и свечености.

Работата на проектот „Кортеж” почна пред 5 години. Јавната презентација на новата лимузина за претседателот на Русија ќе се одржи веќе во 2018 година при инаугурацијата. Почетниот број на автомобили во рамките на проектот ќе биде околу 300 возила.