МО РФ објави видео по повод Денот на ракетните сили и артилеријата

Министерството за одбрана на Русија објави видео во чест на Денот на ракетните сили и артилеријата.

На снимката се прикажани маневри на војската, воената техника и вооружувањето, пренесува РИА „Новости“.

Како што соопшти Министерството за одбрана на Русија, артилериските единици добиваат модернизирани 152-милиметарски самоодни хаубици„Мста-СМ“ и системи „Торнадо-Г“. Противтенковските единици поседуваат нов противтенковски ракетен систем „Хризантема-С“, додека ракетните сили добиваат оперативно-тактички ракетни системи „Искандер-М“.

Денот на артилеријата се одбележува од 1944 година во чест на заслугите на артилерците за време на контранападот кај Сталинград, кој почна на 19 ноември 1942 година. Во 1964 година Денот на артилеријата беше преименуван во Денот на ракетните сили и артилеријата.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња