Научната фантастика станува реалност: Во Русија презентирано летечко такси

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
По успехот со летечкиот мотоцикл „Ховербајк“ (Hoverbike), кој веќе го испроба полицијата на Дубаи, тимот на стартап проектот „Ховерсурф“ (Hoversurf) претстави патничко летало.

Новиот проект го доби називот „Формула проект“ (Formula Project). Летечкото такси може да прими 5 патника. Творците на овој автомобил тврдат дека тоа не е проект на иднината туку на денешнината. Според функционалноста и комфорот е слично на обичен автомобил и лесно може да се смести на едно паркинг место.

Апаратот се движи со помош на 52 помали турбини „Вентури“  (Venturi) и склопливи крила. 48 турбини го обезбедуваат полетувањето и слетувањето, а останатите 4 се задолжени за хоризонтално движење.

„Формула проект“ работи на струја. Без дополнување на акумулаторот може да прејде 450 километри, а максималната брзина што ја развива овој летечки транспорт изнесува 320 км/час.

Инженерите најавуваат дека првиот работен прототип ќе го претстават во 2018 година.