Оваа година е предјубилејна за овој вид на специјалните сили на руската армија: пред 99 години е основана Хемиската служба на Работничко-селанската Црвена Армија. Сепак, одделни хемиски чети се појавија во руската армија уште за време на Првата светска војна.
Главната задача на силите за РХБО е навремено откривање на закани од сферата на радијациско, хемиско и биолошка војување и нивна неутрализација со помош на специјални третмани, деконтаминација на терени и објекти. Втората задача на силите за РХБО заштита е учеството во офанзивни операции. Специјалните единици, меѓу другото, можат да применуваат спрејови за маскирање на техниката и да го напаѓаат непријателот со помош на фрлачи на пламен и запаливи средства.
На спотот сите овие можности на силите за РХБО се претставени во целата нивна моќ: од работењето на специјалните сили во услови на контаминиран терен до употреба на тешките ракетни фрлачи на пламен „Сонцепјок“.