Видео: Рускиот „триглав змеј“ уништи терористички снајпери во Сирија

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На интернет се појави видео-снимка во која е прикажано како рускиот систем за деминирање УР-77 „Метеорит” уништува снајперисти во Сирија.

На интернет се појави видео-снимка на која е прикажана примена на системот за деминирање УР-77 „Метеорит“, познат и како „ Змеј Горинич“ (Змей Горыныч), против терористички снајперисти во Сирија, соопштува „Росијскаја газета“.

УР-77 „Метеорит“ е направен врз база на самоодната хаубица 2С1 „Гвоздика“, со цел да прави широки премини на противтенковски  мински полиња.

Според податоците на порталот topwar.ru, сириската армија го чистела источниот дел на Дамаск од терористи. На видео-снимката е  прикажана моќна експлозија по која следува ударен бран, а потоа се креваат облаци од чад и прашина.

„Системот за деминирање УР-77 „Метеорит“ секако не е противснајперски, но многу ефикасно може да се бори против терористи кои се кријат во згради“, пишува ова издание.