Три руски ракети кои им втеруваат страв во коските на терористите во Сирија

Наука и технологија
ИГОР РОЗИН
Терористите од „Исламска држава“ немаат многу шанси против овие ракети чиј дострел изнесува 5.500 километри. Тие ги ескивираат непријателските радари и можат да бидат лансирани од копно, од вода и од воздух.

Поморска крстосувачка ракета „Калибар“ за бродови и подморници

Русија го шокираше светот во 2015 година кога за првпат во историјата примени крстосувачки ракети против терористите. На телевизија беше прикажано како Касписката флотила лансира ракети и како тие прелетуваат 1.500 километри преку Иран и Ирак и како доаѓаат во Сирија.

Проектилите летаа толку близу земјата што делуваше како пливање над теренот со суперсонична брзина, поради што нивните радари не можеа да ги забележат. Секоја од овие смртоносни ракети носеше 500 килограми експлозив кој во земјата прави кратери широки стотина метри.

Овие ракети имаат дострел од 2.500 километри и ја погодуваат целта со прецизност од 30 метри.

Ракети со копнен лансер „Искандер-М“

Овој систем не е тестиран за време на руската интервенција во Сирија, но ова оружје и понатаму спаѓа меѓу најсмртоносните балистички ракети од мал дострел на светот. Производителот на системите „Искандер-М“ има направено 8 различни типови ракети за овој систем и успешно ги тестираше минатиот месец.

Секоја ракета може да носи боева глава со 500 килограми експлозив која ги уништува непријателските воени бази и копнените сили во радиус од 600 километри. Силата на секоја експлозија може да се спореди со експлозија на боева глава, но без радиоактивен облак и еколошка штета.

Ракети Х-101 за стратешки бомбардери

Ракетата Х-101 може да уништува цели во радиус од 5.500 километри со прецизност од 5 до 50 метри. Овие ракети првобитно беа конструирани за руските стратешки бомбардер Ту-160М2, а но ќе бидат монтирани на авионите од следната генерација ПАК ДА.

Ракетата е направена со нова технологија заснована на комбиниран комплекс за насочување со електро-оптичка и електронска корекција. Едно од најважните својства на овој систем (што го немаат претходните системи) е тоа што пилотот може рачно да ги менува координатите на целите во борбени ситуации“, вели за Russia Beyond-Македонија воениот експерт од агенцијата ТАСС Виктор Литовкин.

Секоја ракета е тешка околу 2.5 тони и може да носи 400 килограми експлозив. До целта лета со променлива траекторија што им отежнува на системите на противничката противвоздушна одбрана да ја откријат на радарите. Оваа ракета, како и „Калибар“ може во лет да го следи релјефот на теренот.