Медиуми: Се покажа дека Пентагон не го очекуваше јакнењето на руската воена моќ

Владимир Сергеев/RIA Novosti
Западните медиуми пишуваат за загриженоста на САД предизвикана од неочекуваното јакнење на рускиот воен потенцијал.

Според информациите на францускиот портал „Intelligence online”, се покажа дека Пентагон не е подготвен за зајакнувањето на воената активност на Русија. Поради тие причини во САД почна тајна трка во вооружување која е неопходна како одговор на таканаречените „стратешки закани”, за кои Вашингтон ги обвинува Русија и Кина.

Меѓу другото, се наведува дека САД се обидуваат преку посредници да набават руски и кинески системи за радиоелектронско војување кои се користат во авијацијата. Се претпоставува дека тие ќе се применуваат на маневрите на авионите кои ги симулираат непријателските сили.

Освен тоа, САД се надеваат дека ќе набават руски технологии во сферата на противвоздушната одбрана. Пентагон го иритира ограничувањето за користење на воздушниот простор кој го обезбедуваат противвоздушните ракетни системи С-400. Затоа САД имаат намера да го проучат овој систем доколку го набави некој од сојузниците.

На состанокот на асоцијацијата на војската на САД командантот на  американскиот контингент во Европа генерал Бен Хоџис изјави дека руските дејствија во странство, на пример, во Сирија, се неочекувани. А началникот на шведскиот Генералштаб генерал Карл Енгелбректсон укажа на тоа дека западните земји се во поголем степен ориентирани на конфликти со низок интензитет.

Поради таа причина американската страна ја загуби иницијативата и не успева во соодветна мера да реагира на брзите операции на руската војска во странство. Ефикасните дејствија на руската војска ги притеруваат САД до ѕид и им го ограничуваат просторот за маневрирање. Освен тоа, поради воената моќ која руските сили ја покажаа на маневрите „Запад-2017” американското воено раководство веќе го „обли студена пот”.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе