Американски генерал ги пофали руските средства за електронско војување

Красуха-2

Красуха-2

Виталиј В. Кузмин/Wikipedia.org
Русија ефикасно ги применува средствата за електронско војување, а исто така користи беспилотни летала и ракетно вооружување, изјави командантот на Копнените сили на САД во Европа генерал-потполковник Бен Хоџис, коментирајќи ги руско-белоруските маневри „Запад-2017”.

„Русија покажа дека и понатаму има ефикасни средства за електронско војување”, изјави Хоџис во интервју за „Дифенс Њуз“ (Defense News).

Според него, САД забележале дека во основата на водењето на борбените дејствија на Русија и понатаму лежат ракетите со голем дострел и ракетната артилерија. Освен тоа, Москва покажала и голем број на акции со учество на беспилотни летала.

Хоџис исто така изјави дека САД ќе го анализираат новиот систем на контрола и команда што го тестирала Русија.

Претходно министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека на маневрите„Запад-2017” во Русија и Белорусија во септември е  увежбувана тактика за борба против терористите на „Исламската држава”.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња