На конференцијата на списанието „Атлантик“ (The Atlantic), Картер беше замолен да ги наброи по ред сите пет „закани“ кои ги гледа Вашингтон. Картер ги нарече „големата петорка“, истакнувајќи дека „тоа воопшто не значи дека ние сме со сите нив во состојба на војна“.
Според него, во однос на „ИД, опасните активности на Иран и Северна Кореја“, „девизата на САД е – да се бориме во моментов“. Шефот на Пентагон истакна дека ова се случува со децении.
„Во случајот со Русија и Кина, ситуацијата е поинаква, ние имаме измешани односи со нив, кога се обидуваме да соработуваме и да постигнеме заеднички цели, но исто така има и прашања за кои ние не се согласуваме“, изјави Картер, пренесува РИА „Новости“.
Претходно, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека се надева на цврсти и долгорочни односи меѓу двете земји.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче