МО на РФ: Пентагон е опседнат со студена војна со Русија

Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков во Центарот за управување со националната одбрана во Москва.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков во Центарот за управување со националната одбрана во Москва.

Александар Вилф / РИА „Новости“
Генералите на Пентагон се опседнати со „студена војна“ со Русија и не ги разбираат реалните закани за безбедноста, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков.

Вака портпаролот на рускиот воен ресор Конашенков го коментираше настапот во американскиот Сенат на командантот на Силите за специјални операции на ВС на САД генерал Рејмонд Томас.

Томас во својот настап ја нарече Русија „една од петте главни закани за САД“ и истакна дека агресивните дејствија на Москва имаат постојан карактер.

„Ограниченоста на одделни пентагоновски генерали со стереотипите на „студената војна“, како и нивното неразбирање на реалните закани за безбедноста, не треба да бидат за чудење. Нас често нѐ прашуваат со што руските офицери на силите за специјални операции се разликуваат од американските колеги. Ние секогаш потенцираме дека главните квалитети на руските офицери се умот и одлучноста“, изјави Конашенков, пренесува РИА „Новости“.

Тој истакна дека „од настапот на генерал Томас не е тешко да се сфати дека Пентагон во најмала рака има поинакви барања спрема војниците на Силите за специјални операции“.

„Веројатно, затоа тие се обидуваат да ги компензираат со антируска реторика на „јастреби“ како во најдобрите традиции на студената војна“, заклучува Конашенков.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња