Студентите на Новосибирскиот државен универзитет развија и на меѓународната конференција Big Data Conference претставија универзален алгоритам за обработка на голема количина податоци и Интернет на нештата (IoT) кој ќе биде тешко да се хакира дури и со помош на квантни технологии, соопшти во понеделникот службата за медиуми на универзитетот.
„Овој алгоритам има три особености: модуларност, симетрија и веројатност. Конкретно, во процесот на шифрирање на ист текст со еден клуч шифрираната порака секој пат ќе биде поинаква, што во голема мера го отежнува хакирањето на алгоритамот, вклучувајќи го и она со помош на квантен компјутер“, се вели во соопштението.
Како што наведува службата за медиуми, алгоритамот може да се користи практично во која било сфера.
Меѓународната конференција Big Data Conference се одржува секоја година од 2014. На неа се презентираат најновите технички решенија на полето на работата со големи податоци.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче