Руските сателити ја засилија контролата над американските ракети

Наука и технологија
ИВАН МОРОЗОВ
Руската група сателити ја засили контролата над подрачјата на лансирање на балистичките ракети на САД, соопшти началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Русија генерал Валериј Герасимов на седницата на колегиумот на Министерството за одбрана на Русија.

„За пет години се лансирани 55 вселенски апарати за воена намена. Тие се поврзани во Единствениот космички систем, што овозможи да се засили контролата над подрачјата на лансирање на балистичките ракети, како и над патролирањето на странските подморници“, изјави Герасимов.

Шефот на рускиот Генералштаб истакна дека формацијата на вселенските апарати во орбитата „ефикасно и со потребниот квалитет” обезбедува комуникација, разузнавачки, навигациски и други информации за воено-политичкото раководство на Русија и органите на воената команда.

Групата сателити е вклучена и во системот за предупредување од ракетен напад. Задачата на сателитите е да го пресечат лансирањето на балистичките ракети. Во состав на системот за предупредување од балистички напад влегуваат радарите со голем радиус кои покриваат третина од површината на Земјината топка.