Видео: ГАЗ подготвува надградена верзија на „Волга“ 5000 GL

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Се очекува новата „Волга“ „ГАЗ 5000 GL” да стане ремек-дело на руската автомобилска индустрија.

Горковскиот автомобилски завод (ГАЗ) подготвува нова верзија на „Волга“ „ГАЗ 5000 GL”.

Се очекува дека овој автомобил ќе го означи почетокот на новата ера во руската автомобилска индустрија.

Унапредената верзија на „Волга“ би требало на пазарот да го пополни испразнетиот простор и на патниците во подеднаква мера да им обезбеди сигурност, безбедност и комфор. Засега не се соопштува врз која платформа ќе се базира легендарната „Волга“.

Некои извори тврдат дека платформата ќе биде преземена од други производители.