„Добро, ајде“, одговори Путин на таквиот предлог, но праша дали момчето нема да го скрши неговиот автомобил. Го уверија дека автомобилот ќе остане неоштетен, пренесува „Взгљад“.
Путин исто така се интересираше на кој начин ќе биде искористен неговиот автомобил по модернизацијата, со насмевка прашувајќи дали нема да биде искористен како такси.
„Ако така сметате, тогаш да“, му одговори авторот на идејата, на што Путин забележа дека производот тогаш ќе биде заеднички.
„Волгата“ е моја, а беспилотниот уред е Ваш“, предложи Путин да се дојде до консензус и повика да се размисли за употребата на тој автомобил.
Се работи за автомобилот ГАЗ-21 „Волга“, кој му припаѓа лично на Путин. Тој го купи во 2005 година и истата година се повози во автомобилот со тогашниот претседател на САД Џорџ Буш Јуниор – возач беше американскиот лидер.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче