Видеото се појави на каналот на весникот „Авторевју“. Експертите сметаат дека на видео-снимката е прикажана полесната верзија на седанот, која е за еден метар пократка од „претседателската“ лимузина и не е блиндирана. Инаку, за руските државници е предвидена само блиндирана варијанта со погон на сите четири тркала, мотор V12 и 800 КС, пишува порталот speedme.ru.
Првата јавна презентација на седанот за руските државници ќе биде одржана 2018 година при стапувањето на должност на претседателот на Русија. На почеток ќе се произведуваат 300 вакви автомобили годишно, а во наредните пет години Министерството за индустрија и трговија на РФ планира да достигне годишно ниво од 5000 возила.