Видео: неверојатниот руски баги УРА од делови на „Лада“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На изложбата на средства за осигурување на безбедноста на државата „Интерполитех-2017“ беше претставен баги за движење по мочуриштен терен под називот „УРА“ или „ударно-извидувачки автомобил“ (ударно-разведывательный автомобиль).

Багито може да превезе до 350 килограми товар, а во целост е склопен од елементи на сериските модели на „Лада“. Возилото е со мотор од 1,6 литри и 98 коњски сили, со петстепен менувач и погон на задните тркала.

Димензиите на багито „УРА“ се: должина 3515, ширина 2230 и висина 1430 мм. Ова превозно средство е конструирано така што неговото одржување да биде едноставно, а каросеријата е обложена со композитни материјали кои не бараат скап ремонт.