Проект на далекуисточното конструкторско биро „4232”
Прес-фото/Далекуисточно конструкторско биро „4232”Тоа е најголемиот модел претставен првиот ден на форумот. Според зборовите на конструкторите во него нема многу нова технологија, а работи според принципот на електричен автомобил, со можност да ја црпи енергијата и од соларни батерии, но и од човечка сила.
„Постојат технологии кај кои човек мора да врти педали, тоа е примитивно. Потребен е генератор кој би овозможил употреба на човечката сила, меѓутоа таа технологија би се користела само во исклучителни ситуации, кога целосно ќе снема енергија и возилото ќе запре, а движењето мора да продолжи“, изјави Кравцов.
Проектот на возилото предвидува можност за поставување на покривот на соларни батерии кои можат да компензираат околу 20 отсто од енергијата. Во автомобилот покрај возачот постои место за уште еден патник.
„Во принцип таквото возило нема да биде дозволено на јавните патишта. Нашите закони не допуштаат тоа да биде регистрирано. Затоа би сакале нашите автомобили да се воведат на територијата на кампусот на Далекуисточниот федерален универзитет“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче