Како од стар УАЗ направија опасен теренец

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во Русија УАЗ 31519 беше и остана одлична база за склопување нови сурови теренци чии сопственици од разбирливи причини не се оптоваруваат со надворешниот изглед на своите возила, пишува порталот Авторамблер.ру.

Меѓутоа, еден УАЗ по име „Брјански партизан“ со до детали осмислен надворешен изглед, кожна кабина и седишта кои се вградуваат во BMW ги руши таквите стереотипи. Mајсторите од Брјанск, како што се наведува, работеле на ексклузивниот теренец по специјална нарачка повеќе од една година и на сегашниот сопственик, извесен Алексеј, му го испорачале во завршната фаза.

Првото нешто што го направиле е подготовката на машината за суровото беспаќе, па така стандардните осовини ги замениле со портални од воена техника. Тоа овозможило клиренсот да се зголеми на околу 35 сантиметри. Се работело и на каросеријата, која е комплетно префарбана, проширен е прагот, а новите тркала со 36,6 инчни гуми Белшина, како што се наведува, барале да се зголемат (исечат) лаците над тркалата и над нив да се постават специјални пластични заштитни елементи.

Најинтересна е, велат, кабината, а сите нејзини елементи се обложени со природна кожа и алуминиумски лим со релјефни шарки, во покривот е вградено прозорче од автобус ПАЗ, додека предните седишта се од кросовер BMW X5. Багажникот е зголемен за сметка на задната клупа, место која се ставени две помошни седишта.

Под хаубата е стандардниот мотор од 2,9 литри со 100 коњски сили кој новиот сопственик сака да го замени со посилен странски. Тешко е, меѓутоа, да се поверува дека брјанскиот „Гелендваген“ ќе запре на тоа.

Фотографиите од „Брјанскиот партизан“ можете да ги погледнете на овој линк.