Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу во февруари уште изјави и дека до крајот на оваа година на Курилските острови ќе биде распоредена една дивизија. Министерот укажа дека воениот контингент „не се распоредува против било кого, туку исклучително со цел заштита на територијата на Руската Федерација“.
Раководството на Министерството за одбрана на РФ претходно соопшти дека планира на Курилите да направи база за подморници и да распореди крајбрежни ракетни системи „Бастион“ и „Бал“.
Инаку, изминативе две години се направени две воени бази, а на островите се распоредени еден баталјон тенкови Т-80, системи за ПВО „Бук“ и современи системи за врска и радиоелектронска борба. На Курилите според информациите од Источниот воен округ ќе биде распоредено ново високотехнолошко оружје, како што се, на пример, беспилотни летала со разни модификации. Во вооружувањето на воената формација на островите веќе се наоѓаат повеќецевни ракетни фрлачи БМ-21 „Град", топови 2С5 „Гиацинт-Б“ калибар 152 мм, противавионски системи „Стрела-10“, противавионски самоодни системи „Шилка“, хаубици Д-30 калибар 122 мм, полски топови БС-3 калибар 100мм, минофрлачи „Поднос" калибар 82 мм.