Руското Министерство за одбрана испрати експедиција на островите Големи Курили, со цел да се истражи територијата во интерес на Тихоокеанската флота.
Во експедицијата учествуваат шест бродови од Тихоокеанската флота. На чело на походот е најголемиот воздухопловен брод „Адмирал Невељској“. Во експедицијата се вклучени над 200 лица.
Според командантот војската на Источниот воен округ (ИВО) генерал-полковник Сергеј Суровикин државата ќе преземе невидени мерки за да ја гарантира безбедноста и територијалниот интегритет на овој дел. Особено пред Министерството за одбрана на Русија стои задачата до 2020 година да ја развие воената инфраструктура во Сахалин, островите од Курилскиот архипелаг и во реонот на Арктикот.
Како што забележува командантот воените сили на ИВО, во моментов се спроведува планско повторното вооружување на единиците, како и активности за зголемување на социјалната заштита на сите категории војници и нивните семејства.
Воениот аналитичар на „Известија“ Дмитриј Сафонов тврди дека вооружените сили бараат нови локации за базирање на Тихоокеанската флота или места за разбивање на војниците. И командата на ИВО бара дополнителни опции за создавање на позиции на противвоздушната одбрана и на крајбрежните ракетни единици.
Но, регионот има повеќе нешта, кои ја ограничуваат способноста на вооружените сили на земјата.
„Во нашата историја имаме интересен преседан: Министерството за одбрана распореди база за ПВО на островот Шумшу, а по неколку години таа беше однесена од цунами. Треба да се разбираат географските особености на областа и да се има на ум дека не на сите острови може да се распоредат војнички единици, а да не зборуваме за изградба на база за да се живее во неа“, нагласува Сафонов.
Според експертот на почетокот на освојувањето на островите Советскиот Сојуз допуштил голем број грешки. „На почетокот сите се потсмеваа дека патиштата на островите се послани со мрежеста ограда – ја отстранија и насекаде избетонираа, а отстрана изградија куќи. Потоа дојде есен, и патиштата „потекоа“. Неочекувано сфативме дека Јапонците биле многу попаметни од нашите: мрежестата ограда ја задржува калта за време на дождовите и тоа е единствениот начин кој овозможува движење, а не 'пловење' на островите“, раскажува аналитичарот.
Како што забележува Сафонов, само за една сезона поради силата на далекуисточните ветрови и дождови зградите се претвориле во урнатини. И морале секоја година да се трошат пари за обновување на инфраструктурата.
„Зошто толку години советската власт таму не изградила ништо? Зошто останале само на Кунашир и Итуруп? Веројатно тоа зборува за фактот дека геолозите и географите од Советскиот Сојуз добро ја разбирале ситуацијата“, додава експертот.
Тој е на мислење дека Русија нема да распоредува воени единици на нови острови.
Модернизацијата и обновување на Курилскиот архипелаг започна во 2010 година. Основата на безбедноста на земјата на оваа компонента, како и досега, останува 18 автоматизирана артилериска дивизија, која е дел од ИВО. Во последниве години нејзината бројност беше зголемена и во нејзиниот состав беше вклучен самостоен тенковски баталјон со машини Т-80БВ.
Според министерот за одбрана Сергеј Шојгу во 2016 година тука дополнително ќе бидат распоредени ракетни комплекси „Бал“ и „Бастион“, како и беспилотни летала од новата генерација „Елерон-3“.
Минатата година на воено дежурство на Курилските Острови стапи и ракетниот комплекс „Тор-М2У“.
Во моментов на Курилските Острови се наоѓа 18 автоматизирана артилериска дивизија, која брои 3.500 војници (во мирно време).
Во базата постои следново оружје:
- Зенитни самоодни лансери ЗСУ-23-4 „Шилка“ и ЗУ-23-2;
- Системи за распрснувачки оган БМ-21 „Град“ (се очекува да бидат заменети со „Торнадо-Г“);
- 152-милиметарски артилериски лансери „Хиацинт“;
- Ракетни комплекси „Тор-М2У“
- Тенкови Т-80БВ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче