Кримск – нов, нечуен и опасен

Новото експериментално возило е опремено со хибриден енергетски систем и со електрична трансмисија. Извор: ИТАР-ТАСС.

Новото експериментално возило е опремено со хибриден енергетски систем и со електрична трансмисија. Извор: ИТАР-ТАСС.

Новиот бесшумен оклопен транспортер со хибриден мотор кој го носи називот „Кримск“ претставува вистинска сензација кај оклопните возила. Повеќе за оваа новина, во текстот што следува!

Во Русија во фаза на изработка е нова бесшумен оклопен транспортер со хибриден мотор. Стручњаците се согласни дека ова претставува квалитативен скок во обезбедувањето нова опрема за руската војска. Имено, само оклопната техника која е лесна, брза и мобилна може во вистинско време да испорача сè што е потребно во борбената зона и со сигурност да ги покрие воените објекти.

Од почетокот на овој век можеме да изброиме десетици локални конфликти, различни терористички операции, мировни мисии. Јасно е дека нуклеарниот носач на ракети, па дури и борбениот тенк тешко можат да бидат од голема помош во обезбедувањето и снабдувањето на големите и на малите воени бази расфрлени по светов, низ сите оние земји кои се развиени во воено-економска смисла, особено ако станува збор за големите сили.

Оклопната техника која е лесна, брза, мобилна, на тркала и со гасеници, по можност и амфибиска – тоа е она што ќе обезбеди брзо стационирање и напуштање на специјалните единици, навремено ќе го испорача сето она што е потребно во зоната на конфликтот и со сигурност ќе ги покрие воените објекти. Во оваа смисла најатрактивна е техниката на тркала поради својата едноставност и евтината експлоатација, висок степен на маневарски способности и поради својата надмоќ во брзината.

Користењето на мошне перспективните литиумско-јонски железно-фосфатни (LiFePO4) акумулаторски батерии кои веќе се произведуваат во Русија, резервата за можност на движење може да се подобри за повеќе од десет пати.

Ако во изработката на тенкови малкумина можат да се споредат со СССР, а сега и со Русија, тогаш може да се каже дека работата врз изработката и производството на оклопни возила не се адути на домашната лесна оклопна техника. Засега.

Кон крајот на јули оваа година „Воено-индустриската компанија“ објави дека развива и започнува тестирање на шасија за нов оклопен транспортер. Новиот проект со назив „Кримск“ ќе им овозможи на оклопните возила од иднината да го надополнат основниот недостаток на наведената техника од сегашноста, а тоа е недоволно усовршената погонска група мотори.

Според зборовите на раководителот на проектот Виктор Рудин „експерименталното возило е опремено со хибриден енергетски систем и електрична трансмисија, што, според очекувањата, може да му даде големи предности“.

Иновацијата се состои во тоа што моторот со внатрешно согорување го придвижува роторот на генераторот кој произведува наизменична струја. Потоа наизменичната струја се претвора во еднонасочна. Потоа со помош на системот на претворувачот енергијата се пренесува на влечните електромотори кои ги придвижуваат тркалата. Паралелно електричната енергија доаѓа во молекуларниот акумулатор. При кочење, кинетичката енергија се претвора во електрична и исто така доаѓа во акумулаторот.

Ваквиот оклопен транспортер може да се движи бесшумно со помош на молекуларни акумулатори, кога не работи моторот. Резервата на можноста за движење засега е мала, но со користење на мошне перспективните литиумско-јонски железно-фосфатни (LiFePO4) акумулаторски батерии кои веќе се произведуваат во Русија, резервата за можност на движење може да се подобри за повеќе од десет пати. Нечујноста е мошне важна предност за ваков оклопен транспортер во случаи на прикриено движење при спроведување посебни операции.

Мошне импресивни се и динамичките функции на новиот производ. На тестирањето во Подмосковје, возилото тешко околу 22 тони разви брзина од 97 километри на час, при што за постигнување брзина од 80 километри на час потрошени се сè на сè 33 секунди.

Да споменеме дека меѓународната воено-експертска заедница смета дека иднината на оклопната техника во регионот им припаѓа токму на автоматските уреди. Виктор Рудин вели дека „Кримск“ е всушност „готова платформа со далечинско управување. Можноста на уредите од електронскиот систем на експерименталната макета-образец веќе сега овозможуваат далечинско управување, а со незначителна доработка и изработка на соодветна програма и алгоритам за управување, ќе биде можно да се изработи и роботизирана платформа“.

Ако е сè доволно јасно со руското стратешко вооружување, чија улога останува непроменета, тогаш карактеристиките на идниот возен парк на лесната оклопна техника се определува со проекти како што е „Кримск“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња