Експертите во петминутното видео им објаснуваат на љубителите на ова оружје како да ја разликуваат советската автоматска пушка „Калашников” од кинеската копијаТИП-56.
Според експертот Павел Птицин, кинеските производители на оружје 1951 година добие детална документација за производство на советската автоматска пушка. Меѓутоа, по раскинувањето на односите меѓу СССР и Кина кинеските конструктори внеле некои измени во оригиналната конструкција.
„Тоа е пред сѐ склопливиот бајонет во вид на бодеж. АК-47 има бајонет во вид на краток сплескан нож, кој може да се користи и како универзален војнички алат, додека кинескиот може само да боде“, објаснува Павел Птицин.
Освен тоа, поради специфичноста на конструкцијата на цевката на кинеската ТИП-56 не можат да се монтираат компензатор, разбивач на пламенот или придушувач. Оваа пушка има ударен механизам со полош квалитет кој по неколку години користење станува неупотреблив. Па сепак, многу земји, на пример, Судан, ја произведуваат кинеската варијанта на автоматската пушка „Калашников”.