Новата „Комета“ пристигнува на Крим за тестирање во Црното море

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Бродот со подводни крила беше спуштен во вода во Јарославската област.

Бродоградилиштето „Вимпел“ го спушти во вода првиот поморски патнички брод со подводни крила од нова генерација „Комета 120М“. Неговиот фабрички број е 02701, пренесува МК. 

„Планирано е во најскоро време да бидат изградени уште пет „Комети“, нагласи генералниот директор на претпријатието Олег Белков. „Планираме да испратиме во Црното море околу 20 такви пловила“.

Во историјата на ова претпријатие тоа е првиот патнички брод и нов правец во работата.

Најавена е и компанија-ќерка, операторот „Брзи морски патувања“ која ќе организира превоз со бродовите со подводни крила.

Предвидено е глисерот да влезе во експлоатација следната година и да почне да работи на линијата Севастопол-Јалта.