Комета–120 М претставува нов патнички хидроглисер кој се развива во Русија. Прототипот на сликата е наречен Gull и ќе чини повеќе од 6 милиони долари.
Бродоградилиште „Вимпел“На церемонијата присуствуваа првата жена космонаут Валентина Терешкова, светскиот патник Фјодор Коњухов, градоначалникот на Рибинск Денис Добрјаков и членови на регионалната влада, пренесува „Јарославски новостној портал“.
Бродот развива брзина од 35 јазли, опремен е со современи средства за врска и навигација, систем за ублажување на нишањето и контрола на климата. Производството на новата „Комета“ почна 2013 година.
Планирано е новиот брод да сообраќа на линијата Севастопол – Јалта.
Како што изјави министерот за сообраќај Максим Соколов, Грција веќе изразила интерес за проектот „Комета“, пренесува „РИА Новости“. Сега се преговара са потенцијалните купувачи од Грција.
Се очекува дека Атина ќе купи четири вакви бродови во вредност од 6 милиони евра.
И во Русија постои интерес за новата „Комета“. Кон крајот на април рибинската фабрика „Вимпел“ ја посети претседателот на Русија Владимир Путин. На средбата генералниот директор на претпријатието, меѓу другото, му раскажа на шефот на руската држава за проектот за бродови со подводни крила кои ќе сообраќаат меѓу Јалта и Сочи.
Покрај тоа, минатата недела во Нижни Новгород беше спуштен во вода речниот патнички брод со подводни крила „Валдај 45Р“. Ханти-Мансијскиот автономен округ планира да купи такви пловила, соопшти изданието „Накануне“.
Овој брод е предвиден за брз превоз на патници по пловните реки со брзина од 65 км/час на растојание од 400 км. Прима 45 патници и треба да ги замени моделите „Ракета“, „Комета“ и „Восход“.
Првиот таков брод ќе почне да сообраќа 2018 година. Планирано е да се користи за време на Мундијалот 2018 за превоз на навивачите во Санкт Петербург.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче