Враќањето на „Комета“ – легендарниот советски хидроглисер

„Комета“ е патнички хидроглисер кој беше конструиран во 60-те години во СССР. Станува збор за брод кој поседува подводни крила („хидрокрила“), кои при движење го издигнуваат над површината на водата. Додека стои, хидроглисерот делува како и секој друг брод. Меѓутоа, кога почнува да се зголемува брзината тој се издигнува над површината на водата. На крајот трупот на бродот е издигнат над водата и хидроглисерот делува како брод на скии.

Јури Белозеров / ТАСС
Русија планира да го обнови производството на патничкиот хидроглисер, подобрена и модернизирана верзија на „Комета“.
Ова е еден од првите советски хидроглисери кои се користат за превоз на патници. Додека моделот „Ракета“ се употребува за транспорт по реки, „Комета“ е предвидена за на море.
Експертите се на мислење дека „Комета“ е еден од најуспешните патнички хидроглисери направени било кога.
Екипажот го сочинуваат 5 лица, а бродот е способен да прими до 120 патници.
Со максималната брзина од 60 км/ч „Комета“ е побрз од повеќето обични патнички бродови.
Хидроглисерот „Комета“ се извезуваше во Грција, Кина, Полска, Југославија, Источна Германија, Тајланд, Албанија и Италија. Во некои земји и понатаму е во употреба.
Во текот на апхаско-грузискиот конфликт руската „Комета“ беше погодена од ракета лансирана од хеликоптер. И покрај дупката во палубата настаната од погодокот на проектилот, хидроглисерот успеа да ја одржи полната брзина и безбедно стигна во пристаништето.
После распадот на Советскиот Сојуз повеќе примероци на „Комета“ се претворени во барови и ресторани.
Најголемите недостатоци на „Комета“ беа високата потрошувачка на гориво и високите трошоци за одржување.
Прототип но„Комета 120 М“ е нов патнички хидроглисер кој се развива во Русија. Прототипот на сликата е наречен Gull и ќе чини преку 6 милиони долари. вой кометы

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња