Во деталниот воен извештај за резултатите на оваа авиогрупа, поднесен до Министерството за одбрана на РФ и Генералштабот, се истакнува дека авионите на оваа групација во периодот од само седум дена реализирале околу 400 борбени летови. Тие притоа уништиле повеќе од 1200 терористички цели, како неподвижни (објекти и останата инфраструктура која се наоѓа во функција на тнр. Исламска држава), тако и мобилни (копнени единици на теренот, нивната техника и сл.).
Во извештајот исто така се додава дека сириските единици со своите сојузници успеале да ослободат речиси 92,6% од територијата која била под контрола на тнр. Исламска држава.
Во моментов фокусот на операцијата е преместен далеку на исток, преку реката Еуфрат каде што се водат борби за воспоставување на контрола над изворите на нафта и гас и целата делта на оваа река, сѐ до границата со Ирак.
Руската авиогрупа на ниво на засилен воздухопловен полк која се наоѓа во Сирија брои околу 80 авиони и околу 30 хеликоптери поделени во 7-8 ескадрили. Во негови рамки се наоѓаат повеќенаменски борбени авиони наменети за изведување класични ловечки задачи Су-27М, Су-30СМ и Су-35С (макар што изведуваат и напади врз копнени цели), како и бомбардери Су-25СМ, Су-24М и Су-34. Од хеликоптерите се застапени јуришните Ми-28Н, Ка-52 „Алигатор“ и Ми-24/35М, како и воено-транспортните Ми-8. Оваа група ја поддржуваат формации на стратешката авијација базирана на територијата на Руската Федерација, како и поморските групи вооружени со крстосувачки ракети „Калибар“ кои се наоѓаат во басенот на Средоземното и Каспиското море.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче